Како што старееме толку поголеми се шансите од појава на бели влакна во косата.
Оваа појава знае да биде многу непријатна, особено кога процесот започнува уште во младите години.
Со промена на начинот на живот и исхраната, појавата на белите влакна во младите години стана сосема нормална појава.
Освен тоа, и стресот е една од причините за појава на бели влакна. Седата коса настанува и кога косата ја губи пигментацијата. Иако генетиката и стареењето се главните причинители, битно е да имате на ум дека лошата исхрана игра важна улога во појава на овој процес.
Еве кои намирници треба да се консумираат за да се спречи прераното белеење на косата:
Свеж зеленчук Свежиот зелен зеленчук е природен извор на витамини Б6 и Б12 кои се потребни за косата да биде здрава. Зелениот листест зеленчук, како спанаќ, е добар извор на Б витамини, и сигурно ќе ви помогне во превенција од настанокот на бели влакна.
Чоколадо Чоколадото е природно богата со бакар, кој пак е познат по производство на меланин во косата, а клетките меланин се одговорни за производство на боја.
Шумско овошје Овошјата како јагоди, малини, брусница имаат големи количества на витаминот Ц. Овој витамин не само што е добар за здравјето на косата, туку и
спречува предвремено стареење на кожата и косата.
Лосос Лососот е природен извор на селен, кој го регулира производството на хормоните кои ја одржуваат црната боја на косата. Лососот исто така се бори против слободните радикали во организмот.
Бадеми Бадемите се добри не само за косата, туку и за кожата. Богати се со витамин Е и бакар. За да имате здрава и цврста коса која што подолго време ќе ја задржи природната боја, внесете ги бадемите во вашата исхрана.
Семки од сончоглед Семките од сончоглед имаат големи количини минерали кои играат важна улога телото да биде здраво и правилно да функционира. Овие минерали исто така помагаат во производство и задржување на меланин. Ако количеството на минерали и бакар е намален во вашиот организам, тоа може да предизвика забрзано белеење на косата.