Компирот го лекува грипот
- Објавено: 16.12.2011 15:25
- Прочитано: 662
- Печати
Ако ве мачат затнатиот нос, здодевниот секрет, солзните очи и главоболката, во тој случај ќе ви помогне храната богата со витамини кои ќе го зајакнат вашиот имунолошки систем. Но, доколку ви е зголемена телесната температура, организмот е исцрпен, и потребна ви е голема количина енергија за да се изборите со грипот или настинката. Затоа, добро хранете се, иако немате апетит.
Производите богати со протеини содржат цинк, а овој вреден минерал го зголемува производството на белите крвни зрнца кои помагаат во поагресивната борба против инфекциите и заразите. Поради тоа, потрудете се на вашето секојдневно мени да се најдат бадемите. Ако сте љубител на тестенините и оризот, одберете ги оние од нелупено зрно. Тие содржат многу цинк, кој е клучен за одржување на здрав имунолошки систем.
Меѓу другото, и слаткиот компир е добар сојузник против заразата од грип, затоа што содржи големи количини бета - каротен кој е неопходен за телото за производство на доволна количина бели крвни зрна. Исто така, и морковот изобилува со бета - каротен со кој се зголемува бројот на клетките кои се борат против инфекциите.

Последни коментари (вкупно: 0)
Прочитај ги сите коментари:
Напиши коментар:
Плусинфо нема да објавува коментари кои содржат говор на омраза, кои дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба, како и коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција.